Пороизводителот гарантира за исправноста на производот во гарантниот рок. Сите грешки кои потекнуваат од грешка во материјалот, изработката или монтажата на производот, производителот ќе ги отстрани во гарантниот рок на своја сметка.
Гаранцијата се однесува на сите подвижни делови на плакарот, неговата конструкција и механизми, во согласност со препораките за употреба на производителот.
Производителот се обврзува да ја отстрани рекламацијата во рок од 5 работни дена од денот на прием на рекламациски записник, за физичка интервенција на производот, односно до 30 дена за промена на материјален дел на производот.