Најчесто поставувани прашања

ЗА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

Вградените плакари се изработуваат од пет типа на оков за лизгачки врати:
 
  1. STANLEY 2000,
  2. MASSIVA
  3. MINIMALIST
  4. AKRON 3000 и
  5. QUADRO. 
Лизгачкиот механизам кој се користи за нашите плакари, е изработен од висококвалитетен ТЕФЛОН. На тој начин се постигнува долготрајна експлоатација, тивко движење и лесно одржување.
Оковот STANLEY 2000 го нудиме во 6 бои:
 
  • бела,
  • сребрена,
  • шампањ,
  • орев аида табак,
  • месинг и
  • црна боја. 

Оковот MASSIVA го нудиме во 4 бои:
 
  • орев аида табак,
  • орев алто,
  • храст и
  • бела.

Оковите MINIMALIST, AKRON 3000,  и QUADRO се изработени од високо квалитетен алуминиум.
Врвниот квалитет овозможува едноставно одржување и долгогодишна издржливост и отпорност на вообичаените услови на употреба.
За да овозможи плакарот совршена организација и прегледност на содржината во него, покрај концептот на гардеробни оклагии и полици во плакарот се вградуваат и фиоки, корпи, извлечни полици, краватос, гардеробни лифтови(сервето), тацови за чевли и други елементи.
Лизгачките врати на вградените плакари заштедуваат значителен простор неопходен за комуникација во истиот, но можат да се користат и како идеална подвижна преграда меѓу две простории. 
Можете да одберете огледални врати, врати од плексиглас, иверки од врвни производители (EGGER)  во повеќе нијанси, медијапани со висок сјај, тапети, пескарени и сатинирани стакла, еко кожи и сл.
Доколку дефинитивно сте се одлучиле да нарачате АКРОН плакар прво треба да закажете мерење. Закажувањето на мерки се врши во продажниот салон, по телефон или е- маил. 

Земањето мерки го врши наше стручно лице и истото се наплатува 1000 ден (за Скопје) и 2000 ден (вон Скопје).

     * Уплатените средства за мерки се одбиваат од вкупниот износ на нарачката.

Правење комбинации и првични пресметки може да се направи и врз основа на Ваши мерки (проект или рачно земени од страна на клиент). 

По земањето на мерки, стручните лица во нашиот продажен салон ќе ги направат првичните нацрти и ќе Ве контактираат за да дојдете и заедно ги разгледате и прилагодите на Вашите желби и потреби.
Кога е сѐ детално договорено околу нарачката, се потпишува Договор за нарачка и се дефинира терминот за монтажа. Тоа е точно договорен ден (прв слободен термин во моментот на потпишување на договорот во салон).

Монтажата се врши во рок од 15-20 дена од денот на цврста нарачка. Терминот на монтажа се утврдрува прецизно на денот на потпишување на ДОГОВОРОТ ЗА НАРАЧКА.


   * Монтажата се врши исклучиво во работни денови од 08-16 часот. За монтажа во посебни термини се наплаќа додатно. 
Доколку го одложувате терминот за монтажа, Ве молиме најавете го најдоцна пет дена пред рокот. Нов датум за монтажа ќе се закаже во првиот слободен термин.  
Олеснете си го секојдневието со функционален, а разубавете го со оригинален плакар кој совршено се вклопува во вашиот простор.